Загрепската полиција денеска околу 14 часот и 25 минути во реонот на Суседград  добила дојава дека маж без облека се движел по улица и со секира кршел автомобили, по што заминал дома.

Пристигнувајќи на неговата адреса на живеење, полициски службеници го пронашле таму, а потоа го однеле во службените простории, јавува Јутарњи лист.

„Во куќата каде што живее пронајдено е тело, најверојатно на постар член на семејството, за кого засега не може да се утврди причината за смртта со оглед на состојбата на телото поради изминување на време“, соопштија од полицијата. .

Истрагата на местото на настанот ја врши увидна екипа на полициската управа во Загреб.

Мажот е под полициски надзор и во тек е кривична истрага.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.