Единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, ги повика Македонците масовно да излезат на 14 мај, денот на локалните избори во Албанија.
Во исто време бара гласот да го дадат за Пали Колефски за градоначалник на општина Пустец и за советничката листа на партијата за оваа општина.
Почитувани Македонски, на 14 мај без двоумење заокружете го бројот 2 за Пали Колефски и број 29 за советничката листа на МАЕИ. Преспа нашиот дом, стои во повикот на партијата.
Колефски, кој ја бара довербата за втор мандат, е кандидат на Социјалистичката партија поддржан од МАЕИ, која за советници има самостојна кандидатска листа.
На последните избори, во јуни 2019 година МАЕИ освои четири места во општинскиот совет во кој сите 15 членови се Македонци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.