Aгонијата трае година и четири месеци. Страшно е да се разбудиш и да си легнеш мислејќи каде е брат ти, дали е жив…

Вака Анѓела Роѓеновиќ, сестрата на Лука Алексиќ од Никшиќ, кој мистериозно исчезна од прекуокеанскиот брод каде што беше вработен како електричар, зборува за агонијата која трае година и четири месеци.

– Знаете, никогаш не мислевме дека не е жив. Не знаеме што се случи, не знаеме ни што да мислиме. Маж, здрав, прав, нормален, има 24 години. А ти се будиш наутро и некој ти кажува дека го нема. А притоа не ви дава никаква информација, дека нема ниту една трага. Само го нема, не дојде на работа. Креветот ненаместен, телефоните, технологијата се на место, како да не ни легнал.

Лука Алексиќ (24) исчезна од бродот MSC Maeva во водите на Индискиот Океан, во близина на Шри Ланка, на 28 септември 2020 година, неколку дена откако го прослави својот роденден. Сè уште се нејасни условите под кои исчезнал, бидејќи освен цигарите и запалките, сите други работи му биле таму каде што ги оставил.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.