Лука Бојовиќ е свесен дека со доаѓањето во Белград стана лесна мета на противничкиот клан, а наводно не планира да остане во српската престолнина повеќе од неколку дена, бидејќи треба да ги посети своите најблиски, како и гробовите на убиените членови на семејството и пријателите.

Сето тоа ќе го направи под највисоки мерки на претпазливост со голем број телохранители. Освен личното обезбедување, Лука одлучил воопшто да не користи мобилен телефон, па итните повици ги остварува исклучиво преку телефонот на неговата мајка Анѓелка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.