Дваесет и едногодишниот Јован Ранковиќ од Мало Орашје, кој го преживеа масакрот пред точно три месеци кога Урош Блажиќ од Дубона со калашникови пукаше во него и во неговите другари, синоќа доживеа сообраќајна несреќа. Сообраќајната несреќа се случила синоќа околу 22:35 часот на локалниот пат Друговац-Будљевиќ кога возилото во кое бил сопатник Ранковиќ излетало од патот.
Синоќа на локалниот пат се случи несреќа кога возилото со кое управувал пријателот на Ранковиќ од непозната причина излетало од патот, вели извор за српски „Курир“.
Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди опасни по живот и со возило на Брза помош бил пренесен во Ургентниот центар во Белград. На задното седиште од автомобилот кој излетал од патот бил Јован Ранковиќ, кој во таа прилика се здобил со полесни повреди.
Јован Ранковиќ претходно за српски „Курир“ раскажа како го преживеа масакрот во Младеновац во кој беа убиени девет негови пријатели.
Излезе од автомобилот и викна „легнете“, а другарот со насмевка му рече „ајде на пиво“, јас дофрлив „ладно е“, но тој почна да пука! Се преправав дека сум мртов за да не ме докрајчи. Куршум ми помина точно над лактот, па сега имам шипки што треба да ги носам неколку месеци, а треба да носам и гипс исто толку време за да ја задржам раката фиксирана. После тоа проценка на докторот е дека треба да одам на терапија. Болка чувствувам само кога лежам и имав среќа затоа што последниот куршум не се задржа во стомакот, туку излезе во близина на лопатката, изјави Ранковиќ, кој мина еден месец во болница откако беше ранет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.