Во гаснењето на пожарот учествувале 72 пожарникари со 20 возила и 6 авиони канадери. Евакуирани се голем број граѓани.

Пожарот зафатил станбени згради и уништил автомобили. За среќа, министерот за климатски кризи и цивилна заштита Христос Стилијанидес соопшти дека пожарот е ставен под контрола и дека нема активни пожари, но дека пожарникарите се уште се на терен.

Се соочивме со многу силен пожар поради тешките временски услови. И покрај неповолните услови, успеавме да го ограничиме многу силниот пожар“, рече Стилијанидес, додавајќи дека ова е почеток на она што ѝ претстои на Грција и на на источниот Медитеран, објави Екатимерини.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.