Најмалку 15 Ролекс часовници биле украдени од продавницата за скапи рачни часовници во строгиот центар на Атина во вооружен грабеж, јави дописничката на МИА од Атина.

Четворица маскирани лица, под закана со оружје, најпрво го удриле и совладале лицето задолжено за обезбедување на продавницата, кој е полесно повреден, а потоа со пиштолот им се заканиле на вработените, со помош на чекан ги скршиле заштитните стакла, ги одзеле скапите часовници и побегнале.

Според грчките медиуми, одзеле најмалку 15 рачни Ролекс часовници, а побегнале со два мотора.

Продавницата на Ролекс во Атина се наоѓа во строгиот центар на градот, а вооружениот грабеж се случи во време на зголемена раздвиженост на Грците.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.