Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог Србија – Косово, Мирослав Лајчак на 11 мај во Приштина се сретна со косовскиот премиер Албин Курти.
Се очекува Лајчак по посетата на Косово да замине за Белград, каде ќе се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Оваа посета на Лајчак доаѓа по средбата на двајцата лидери во Брисел како дел од дијалогот на високо политичко ниво на 2 мај. Тогаш беше усвоена Декларацијата за исчезнати лица, а Управувачкиот тим го презентираше Предлог-статутот за формирање на Заедница на општини со српско мнозинство.
Меѓутоа, Косово го отфрли тој статут и косовскиот премиер Курти објави својата визија за регулирање на положбата и правата на српската заедница во Косово, врз основа на Договорот за нормализација на односите.
Претставници на Европската унија најавија дека посетата на Лајчак на Косово и Србија има за цел да ги подготви следните чекори во дијалогот.
Се очекува Лајчак да се сретне и со главните преговарачи на техничко ниво, Бесник Бислими и Петар Петковиќ при посетата на Приштина и Белград.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.