Поранешниот потпретседател на Српска листа Милан Радоjчиќ планира нови напади на Косово, тврди косовскиот премиер Аљбин Курти. Според него целта на овие планови е да се дестабилизира состојбата, а за таа цел, наводно, Радојчиќ имал редовни средби со српските разузнавачи, а членовите на неговата група добиваат плата од 2.000 евра месечно.

По терористичкиот напад, Милан Радојчиќ беше ослободен од српскиот суд во рекордно време. Тој сега заедно со некои членови на терористичката организација „Цивилна одбрана“ ги продолжува подготовките за други напади на Косово. Радоичиќ одржува редовни средби со високи претставници на БИА. Просториите на фирмата Јаблановица во Рашка, како и оние во Нови Пазар, се користат за сместување и складирање возила и експлозивни направи за идни напади на Радоичиќ и неговата група. Паравојските на Радоичиќ се засолнуваат во објектите што ги поседува овој туристички парк, а освен сместување, на членовите на терористичката група им се плаќа и по околу 2000 евра месечно, вели Курти.

Официјален Белград негира вмешаност во овој настан. Радојчиќ, пак, ја презеде одговорноста за нападот во Бањска, каде што беа убиени еден косовски полицаец и тројца напаѓачи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.