Косовскиот премиер Албин Курти за денеска ги покани на средба лидерите на најголемите парламентарни опозициски партии.
Информацијата ја објави службата за информирање на Владата на Косово, без да даде детали за темата за која премиерот сака да разговара со опозицијата и единствено се наведува дека средбата би се одржала напладне во кабинетот на Курти.
Од Алијансата за иднината на Косово (ААК) одговорија дека лидерот на таа партија, поранешниот премиер Рамуш Харадинај ќе присуствува на средбата, додека од Демократската партија на Косово (ПДК) на Мемли Красниќи изјавија дека ќе одговорат на поканата откако Курти ќе даде појаснувања за темата за која ќе се разговара. Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) ја одби поканата на премиерот Курти за средба со лидерите на опозициските партии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.