Косовскиот премиер Албин Курти испрати писмо до КФОР и ЕУЛЕКС, во кое бара јасно да одговорат дали и кога планираат да преземат мерки во врска со барикадите. Тој ги предупреди дека доколку не планираат такво нешто, Приштина има детален план за отстранување на 11 барикади на северот на Косово.
Курти претходните денови рече дека „КФОР бара извесно време, а сега има 11 барикади“. Му дадовме време на КФОР токму затоа што слободата на движење од позицијата на КФОР се смета за основна вредност“, изјави косовскиот премиер, пишува Косово онлајн.
Косовската полиција изнајми тешка механизација
Непосредно пред денешната средба меѓу Курти и претставниците на КФОР и ЕУЛЕКС, беше објавено дека косовската полиција склучила договор вреден 124.000 евра за изнајмување на „тешка механизација“ од приватна компанија која се занимава со дробење камења.
Но, се уште не е прецизирано за каква цел полицијата би ја користела таа механизација. И министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечла, вчера изјави дека барикадите на северот на Косово мора да се отстранат. Командантот на КФОР, италијанскиот генерал Анџело Микеле Ристуча во неколку наврати потенцираше дека барикадите не смеат да се отстрануваат насилно, туку со дијалог и политички договор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.