„Имавме тежок состанок, ќе имаме повеќе средби, на 18 март треба да се видиме на територијата на Македонија, потоа господинот Борел ќе го посети регионот. Дотогаш треба да разговараме со Лајчак за работите за имплементација“, започна претседателот Вучиќ.
„Во документот на ЕУ беше нагласена неопходноста од почитување на претходните договори. Господинот Курти не беше подготвен да ја прифати ЗСО, не знам дали ќе биде во иднина. Се надевам дека е можно да се постигнат некои компромиси, но јас се плашам дека ќе останеме заглавени во нешто што одамна требаше да се исполни“.
„Од сите големи приказни, денес не беше ништо посебно, но важно е што разговаравме“.
„Господинот Курти дојде со намера да потпише нешто.
„Договорено е да продолжиме да разговараме. Како и да го завртите, ЗСО е на прво место. Се плашам дека е услов“.
„Видов дека се води кампања против ЗСО, утре ќе зборувам детално. Има 22 принципи кои се од пресудно значење за нас. Ако некој тоа не го разбира, тогаш не ја разбира реалноста. Ако некој мисли да ги укине платежните трансакции, прашувам како ќе им исплатиме плати на лекарите и професорите“.
„Некој мислеше дека потпишувањето ќе се случи за еден ден?! Па, не функционира тоа така. Ова е сериозен процес. Затоа ќе откажам некои надворешнополитички патувања за да разговарам со Лајчак и да се подготвам за 18-ти“.
„Во рамките на потпишаните принципи на ЗСО постои функција за здравство, образование, просторни планови… Затоа внимателно го слушав Курти, но тоа се обврски кои мора да се исполнат. Не заборавајте дека Европскиот совет е на 23 или 24 и сакаат дотогаш да имаат извештај дали е нешто постигнато, па потоа соодветно ќе ги третираат нашите евроинтеграции и двајцата“, рече Вучиќ и додаде:
„Сè уште нема патоказ, мора да се работи.“
Дали Србија е подготвена да ја признае независноста на Косово, беше прашањето на странски новинар на англиски јазик, на кое претседателот Вучиќ исто така на англиски одговори:
„Србија е членка на ОН, но Косово не е и ние секогаш сме ја поддржувале Повелбата на ОН и Уставот на Србија.
„Приштина има одлични екипи, се фалеше дека ги победиле Јеремиќ и Тадиќ, но не се тие, туку Американците и Европејците.
Да живее Србија“, рече претседателот Вучиќ на крајот од своето обраќање.
Да потсетиме, во април 2013 година Косово и Србија се договорија за Бриселскиот договор. Европскиот предлог кој чека потврда од лидерите се смета за најважен документ досега, кој треба да доведе до сеопфатен договор за целосна нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.