Водачот на кавачкиот клан Радоје Звицер и неговиошеф Јос Лајдекерс (30) во изминативе неколку години испрале околу 20 милиони евра, за кои постои сомневање дека заработиле со шверц на кокаин!

Американското ФБИ и ДЕА дошле до ова сознание откако упаднале во шифрираната апликација Скај што ја користеле за комуникација, дознава „Ало“.

Со хакирањето на Скај, светските служби дознале дека Звицер и Лајдекерс, попознати по прекарите Холи, Боле Џос и Ел Президенте, наводно инвестирале пари од продажбата на кокаин во изградба на станови и други објекти.  Тие се под истрага поради сомнение дека купувале и продавале станбени згради во Турција, Дубаи и Холандија. Истражните органи сметаат дека испрале и неколку килограми украдено злато.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.