Главниот оперативец на озлогласениот клан „Америка“, Зоран Јакшиќ, долго време е нерешлива енигма за различни полициски сили. Го добил прекарот „човекот со 1000 лица“, бидејќи користел лажни идентитети.

На крајот тој падна, тој беше уапсен во Перу. Зоран Јакшиќ во 2021 година беше осуден на 25 години затвор за шверц на 800 килограми кокаин. Јакшиќ не се смирил ниту во затворот во Перу, па се обидел да побегне финансирајќи ја изградбата на тунел до затворот преку кој требало да побегне. Меѓутоа, полицијата го открила тунелот, а Јакшиќ не го реализирал планот.

Тој остана зад решетки но тоа не му го променила животот премногу, бидејќи продолжил да ја води „работата“, а ќелијата ја уредил по свој вкус.

Кога полицијата упаднала да ја пребара неговата ќелија, нашла колекција капи и луксуз но и проститутки од Црна Гора.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.