Канцеларијата за борба против корупција и организиран криминал (УСКОК) во соопштението не ги наведе имињата на обвинетите, но медиумите пренесуваат дека обвинението е подигнато против Шкугор, неговиот татко Дане, поранешниот претседател на Хрватската адвокатска комора Јосип Шурјак, неговиот деловен партнер Горан Хусиќ и поранешната директорка на Плинара Источна Славонија, Марија Раткиќ.
Обвинети се и поранешниот раководител на Продажба на гас и енергија во ИНА, Стипе Леко, и директорот на компанијата EVN Croatia Plin, Владо Мандиќ.
УСКОК ги товари дека гасот кој го купувале од ИНА по фиксна цена од 19,5 евра го продавале по десет пати повисока цена.
Шкугор и останатите се обвинети дека од август 2020 до август 2022 формирале криминално здружение и извршиле серија кривични дела во доменот на економското работење и перење пари. Станува збор за голема афера која избувна во 2022 година, при што тогаш беа уапсени Шкугор, неговиот татко Дане и уште три лица.
Поради оваа афера, претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, повеќе пати јавно го критикуваше премиерот и претседател на Хрватската демократска заедница, Андреј Пленковиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.