На големиот изборен митинг на Социјалистичката партија, што се одржа во Корча, актуелниот градоначалник на општина Пустец Пали Колефски, барајќи ја довербата за втор мандат вети трансформација на општината во важен туристички центар.
– Со поддршка на заедницата, ја овозможуваме трансформацијата на општина Пустец и ќе ја претвориме во туристичка точка на округот Корча. Пустец е мала општина, но во овие четири години покажавме дека можеме да реализираме големи и неопходни проекти за нашата заедница. Благодарение на поддршката на Владата ја завршивме изградбата на водоводот и сега имаме непречено 24-часовно снабдување со вода за пиење. Извршивме реконструкција на гимназијата Пустец и изградивме спортски терени на училиштето. Направивме реконструкција на музејската куќа на Стерјо Спасе. Го подобривме уличното осветлување во секое село, го асфалтиравме патот во село Пустец, рече меѓу другото Колефски.
Исто така, нагласил дека „Општина Пустец е вклучена во стратешки проект од Фондот за развој за интервенција во инфраструктурата и туризмот“.
– Благодарение на ИПА-проектот што го спроведува Владата, ќе ја реализираме трансформацијата на општината во важна туристичка точка. Ќе ја подобриме инфраструктурата и осветлувањето, како и санација на потокот во Горна Горица, додал Колефски.
Заедно со Колефски биле претставени и кандидатите за градоначалници на шесте општини од округот Корча.
На митингот се обратил и лидерот и актуелен премиер Еди Рама, кој повикал на масовна поддршка за кандидатите на партијата, меѓу нив и Колефски, кој е поддржан од македонската партија МАЕИ, за подобра иднина на целиот округ и неговите жители, ветувајќи продолжување на владината поддршка и за Пустец.
Рама меѓу другото додал дека опозициската двојка Бериша – Мета сака да ја земе Албанија како заложник, бидејќи „тие се борат за своите лични проблеми”.
– ЕУ не ја отвора вратата за оние што САД ги прогласија за „нон грата (Сали Бериша) затоа тие не ја заслужуваат вашата поддршка. Со Социјалистичката партија само напред, никогаш назад, порачал Рама.
Силна поддршка за Колефски побарале во обраќањето и министерот за одбрана Нико Пелеши и министерката за Европа и надворешни работи, Олта Џачка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.