Лидерот на движењето Европа, Јаков Милатовиќ, е роден во 1986 година во Подгорица, каде што завршил основно училиште и гимназија. Основните студии ги завршил на Економскиот факултет на Универзитетот во Црна Гора, со просечна оценка 10 и бил студент на неговата генерација.

Јаков е релативно ново лице на политичката сцена во Црна Гора – има само 37 години, нешто помалку од кариерата на неговиот противкандидат Ѓукановиќ. Овој политичар во јавноста стана познат како министер за економски развој во Владата на Здравко Кривокапиќ, како и кандидат за градоначалник на Подгорица.

Татко на три деца

И додека многу се знае за неговиот професионален пат и напредок, Милатовиќ внимателно го криеше својот приватен живот од очите на јавноста. Сепак, некои основни информации им се познати на сите – неговата сопруга се вика Милена, а заедно имаат три деца, ќерките Сара и Ана и синот Давид.

Милатовиќ на својот Инстаграм профил повремено споделува семејни фотографии од разни патувања и други убави пригоди. На некои од политичките собири ја поведе не само сопругата Милена, туку и децата, а тие беа дел и од промотивните видеа во неговата кампања.

Милена, јас и децата сме навикнати да пазаруваме на пазар за викенди, а потоа заедно да подготвуваме ручек. Тоа е наш семеен ритуал – напиша новиот претседател.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.