Една од носителите на листата „Србија против насилството“, Мариника Тепиќ, која штрајкува со глад, денеска изјави дека не очекува претседателот на Србија, Александар Вучиќ да има емпатија кон неа или грижа на совеста, бидејќи, како што вели, тој е организатор на злоупотребата и кражбата на изборите.
– Но, очекувам меѓународните партнери да сфатат во каква Србија живееме, дека изборите се украдени, дека тие не се признаваат На сите нивоа на Европската унија – од парламентот до пратениците во ЕП, тука е и Советот на Европа, ОДИХР, сите изразија став дека не ги прифаќаат изборите, рече Тепиќ во интервју за Нова.рс.
На прашањето каков е идниот план на опозицијата, таа рече дека тече рокот од 72 часа за да се изјаснат изборните комисии за приговорите, кој истекува в сабота во 20 часот.
– По истекот на рокот в сабота, ќе продолжиме со активностите, но во овој момент не сакам да зборувам за тоа. По истекот на рокот за приговор, ќе ги информираме граѓаните за следните чекори, рече Тепиќ.
Таа изјави дека се уште се чувствува добро и покрај штрајкот со глад, велејќи дека тоа е форма на борба против очигледната кражба на изборите
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.