Јовица Вукотиќ, кому македонското МВР му издаде пасош на име Георги Андонов, е убиен во Истанбул.
Тој се товареше за обид за убиство на сопругата на водачот на соперничкиот клан, Тамара Звицер. Со Кавачкиот клан се во „војна“ повеќ е од десет години, откако во Валенсија во 2014 година изчезнаа 300 килограми кокаин.
Тој беше екстрадиран од Србија во Црна Гора на 8 февруари, кој го бараше да спроведе кривична постапка пред Високиот суд во Подгорица за тешки обиди за убиство и недозволено поседување оружје. Но, Вукотиќ го напушти затворот Спуж откако му беше укинат притворот.
Вукотиќ со невенчаната сопруга Маша Мишиќ имаше две деца. На Маша ѝ се губи секаква трага откако во 2019 година неколкумина противници на нејзниот сопруг ја пресретнале пред затворот преправајќи дека се полицајци.
Тие сакале да ѝ подметнат цијанид во храната што ја носела за Јован.
Јован Вукотиќ беше е во врска со Дејана Живковиќ, една од најзгодните манекенки во Србија. Дејана пред Јован беше во врска со босанскиот тенисер Дамир Џумхур, а сега е мажена и има дете.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.