Жителите на селото Марковац, кај Вршац, се уште се во шок по грозоморниот инцидент што ја згрози јавноста во Србија и регионот кога тинаесетгодишниот М.З со секира искасапи 12 јагниња на имотот на сопственикот Предраг Тадиќ.

Овој вознемирувачки настан ги исплаши мештаните со оглед на претходното однесување на момчето кое е познато како тепачка и кое според мештаните дури и им се заканувало на некои луѓе, пишува Блиц.

Откако го признал делото, М.З. бил пренесен во Клиничкиот центар во Војводина, каде е во тек психијатриското вештачење. Детето велело дека само си играло со секирата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.