Поранешниот одбојкар Драган Кобиљски ја загуби својата ќерка во масакрот што се случи во средата во елитното училиште во белградски Врачар. Поранешниот играч на Партизан, а подоцна беше и тренер на Црвена звезда, трагичната вест го најде во Романија каде е тренер на клубот Залау.

Драган и неговата сопруга Нина објавија трогателна порака на Фејсбук три дена по хоророт во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград.

– Ви благодариме многу на сите, бескрајно го цениме секој збор на утеха и поддршка, како светлина која тлее во најдлабоката темнина. Се молиме за сите наши ангели и нивниот небесен чувар . Се молиме за повредените пријатели и учителката. Колку и да занемеме од болка за нашите изгубени деца, толку сме среќни за сите што успеале да се спасат. Господ да не чува од гнев и горчина, да ни даде сила и љубов, за некако да ја преживееме оваа болка – напиша Нина.

Скршениот Кобиљскиво четвртокот го зел ранецот и розовата тетратка на неговата 14-годишна ќерка Е.К., која била убиена во престрелката, а потоа го залепил некрологот на вратата од училиштето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.