Бугарскиот суд го затвора здружението што го отвори Македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“ во Благоевград.
Во Централниот регистар на Бугарија пишува дека Граѓанското здружение за заштита на основни индивидуални човечки права, организацијата која го отвори клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград, е „во ликвидација“, објави „360 степени“.
Три години откако бугарското обвинителство покренало процес против организацијата регистрирана во 2019 година, случајот добива правна разврска која може да значи затворање и на клубот „Никола Вапцаров“, кој свечено беше отворен во неделата .
Одлуката е правосилна од првата половина на месецов, а основата е случај отворен од Јавното обвинителство во Благоевград со тврдење дека целите на граѓанското здружение за заштита на основни индивидуални човечки права, регистрирано во 2019 година, се спротивни на бугарскиот устав и законите.
Претходно, градоначалникот на Благоевград изјави дека клубот е нелегитимен затоа што местото на кое се одржа собирот не одговара на законот за просторно планирање каде не се предидува културен центар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.