Меѓународната мировна мисија на Косово (КФОР) вечерва соопшти дека внимателно ги следи настаните на северот и дека е во близок контакт со претставници на косовските и српските сили, објави косовскиот онлајн портал, повикувајќи се на приштинските медиуми.

Според порталот Репортер, КФОР не одговорил дали ќе учествува во отстранувањето на барикадите на север.

„КФОР продолжува да биде исклучително буден и целосно способен да го спроведе својот мандат на ОН за да овозможи безбедна средина и слобода на движење за сите заедници кои живеат на Косово. Ова вклучува зголемување на патролите на северот на Косово, во тесна соработка со косовската полиција и ЕУЛЕКС“, соопшти КФОР.

Командата на КФОР посочува дека е во контакт и со безбедносните сили на Србија.

„Командантот на КФОР продолжува да биде во контакт со своите колеги, вклучително и претставници на косовските институции и косовските безбедносни организации, како и со шефот на вооружените сили на Србија“, соопшти КФОР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.