Од први мај годинава ќе биде пуштен во употреба нов систем за е-фискализација во Србија, каде што фактурата ќе може да се скенира преку QR код за да се утврди дали е валидна. Министерот за финансии на Србија Синиша Мали рече дека повеќе од 140.000 деловни субјекти се предмет на оваа нова фискализација.
Би замолил секој граѓанин да ја земе сметката и да ја скенира преку QR код, да види дали е валидна. Ајде сите заедно да се избориме против сивата економија. Нема потреба некој да ве праша дали плаќате со картичка или со готовина. Нивна работа е да ви ја дадат сметката. Велите дека нема право да ви го бара тоа и врз основа на сметката одлучува дали ќе платите во готово или со картичка, истакна министерот, додавајќи дека ова е голема промена во Србија.
Министерот додаде дека со тоа се намалува можноста за „даночно затајување преку некој дупликат софтвер“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.