Кандидатот за премиер на Бугарија, предложен од ГЕРБ-СДС, Николај Габровски пред народните избраници во Парламентот го претстави својот предлог-кабинет. Во говорот направи обид да ја отвори како што тој нарече – „вратата и патот за помирување и разум“.
Денес Бугарија не е само на крстопат, туку и пред бездна, а кој пат ќе тргне денес зависи од нас овде и сега, од вас во оваа сала – дали ќе тргнеме по патот на одговорноста, разумот и волјата да ја надминеме претстојната катастрофа со заеднички напори или ќе останеме затворени во пазувите на популизмот, конфронтациите и теснопартиските интереси. Мојата желба беше да се оттргнам од тесната партија, од конфронтацијата, да преминам на стручното, прагматичното, професионалното. Ова е и кабинетот што ви го претставив – од луѓе кои се професионалци без светла партиска боја, со искуство на сите нивоа во администрацијата, подготвени да работат ефикасно и целосно од првиот ден, посочи Габровски.
Според него ако се пропушти шансата за гласање за негопвиот кабинет, Бугарија „ќе остане во рацете на задкулисните зделки… на предизборната реторика од 2023 година – избори по избори“.
Тој резимираше дека наместо да се бори државата со должничката и економската криза, со безбедносната криза, со кризата на вредностите, па дури и со кризата на геополитичката ориентација, „ќе се фрлиме во бездната на серија вонредни парламентарни избори“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.