Како компромисно решение, заедницата на општини со српско мнозинство (ЗСО) би била поддржана од 50,5 отсто од електоратот на Косово, покажува истражувањето спроведено од УБО Консалтинг како дел од проектот Омнибус, пренесе Бета.

Според истото истражување, редефинирањето на границите со Србија го поддржуваат 49,50 отсто од гласачите.

Кога станува збор за лидерите на опозицијата, според анкетата, најактивен е Љумир Абџику од Демократскиот сојуз на Косово, потоа Мемљи Красниќи од Демократската партија на Косово, а на последно место е Рамуш Харадинај од Алијансата за иднина на Косово.

Истражувањето се спроведува редовно на секои три месеци и  е спроведено врз 1.666 испитаници во периодот од 16 до 23 декември годинава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.