Земјотресот што беше почувствуван во областа на Ријека ги вознемири граѓаните на Хрватска и Словенија, кои оставија бројни коментари на веб-страницата на ЕМСЦ.

„Во паника скокнав од креветот, прво слабо вибрира, а потоа наеднаш се засили. Почнав да трчам надвор“, е еден од коментарите.

Како да се отвора тлото, за среќа на кратко“, е коментар од Словенија, пренесува Вечерњи лист.

Според хрватскиот весник, земјотресот најсилно бил почувствуван во областа Ријека.

Сеизмолошката служба на Хрватска соопшти дека е регистриран прилично силен земјотрес со епицентар на седум километри североисточно од Клана на границата меѓу Хрватска и Словенија.

Магнитудата на земјотресот била 4,2 степени според Рихтеровата скала.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.