Кабинетот на германскиот претседател, Франк-Валтер Штајнмаер потврди во изјава за порталот „Газета експрес“ дека тој, во телефонскиот разговор со неговата косовска колешка, Вјоса Османи нагласил дека за зачленување на Косово во Советот на Европа потребни се конкретни чекори во правец на формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство (ЗСО) во Косово.

Во изјавата за приштинскиот портал се вели дека претседателот Штајнмаер ја истакнал поддршката на Германија за евроинтеграциите на Косово, за апликацијата на Косово во Советот на Европа, за значењето на продолжувањето на дијалогот меѓу Косово и Србија со посредство на ЕУ, како и за целосна имплементација на Охридскиот договор.

Во телефонскиот разговор со претседателката на Косово, Сојузниот претседател на Германија ја истакна поддршката на Сојузната влада за европската интеграција на Косово, апликацијата на Косово за членство во Советот на Европа, како и значењето на продолжувањето на дијалогот меѓу Косово и Србија со посредувањето на ЕУ и на целосното спроведување на Охридскиот договор. Сојузниот претседател дополнително ја подвлече важноста од конкретни чекори кон формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство од страна на косовските власти, изјавија за „Газета експрес“ од канцеларијата за медиуми на германскиот претседател.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, Османи на 15 мај објави дека ден претходно имала телефонски разговор со германскиот колега, при што ја истакнала големата важност за успешно завршување на процесот за членство на Косово во Советот на Европа.

Вчера разговарав со претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер, за да дискутираме за членството на Косово во Советот на Европа. Ја истакнав критичната важност за успешно завршување на овој процес, да обезбедиме што поскоро корист за сите наши граѓани од инструментите на Советот. Нашето членство не само што би било победа на човековите права во Косово, туку и победа на нашиот континент и на вредностите на кои тој цврсто стои, објави косовската претседателка на својата официјална страница на „Икс“ на 15 мај.

Телефонскиот разговор меѓу Османи и Штајнмаер се случи неколку дена пред состанокот на Комитетот на министри на Советот на Европа и кога беше познат цврстиот став на Владата на канцеларот Олаф Шолц дека Косово треба да преземе конкретни чекори кон формирање на ЗСО со цел да се добие поддршката од сојузниците да влезе на дневен ред на Комитетот на министри на СЕ и да ги добие потребните гласови за членство



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.