Луѓето со бугарска самосвест се подложени на многу тешки испитувања и дискриминација во Македонија, истакна потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова за БНТ.

Ќе го известиме комесарот за човекови права во Советот на Европа, бидејќи последните извештаи што се појавија од таму не беа прилично добри за земјата. Луѓето со бугарска самосвест се подложени на многу тешки тестови и дискриминација. Бугарија ќе внимава на однесувањето на македонските власти за продлабочување на јазикот на омразата и навремено ќе бидат известени сите европски институции – рече Јотова во „Денот започнува со Георги Љубенов“.

Според неа, Бугарија мора да одговори со сите средства како по однос на европските партнери така и билатерално.

Да беше до Кирил Петков, тој уште во јануари без никакви услови од бугарска страна, ќе го укинаше ветото, но фала богу не му беше дозволено – потенцира Јотова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.