Бугарија нема да прави отстапки за договорите со Македонија. Ова го порача бугарската потпретседателка, Илијана Јотова, која вчера на враќање од Косово допатува во Скопје на средба со претставници на бугарската заедница во Македонија.

Средбата се случуваше во зградата на бугарската амбасада во Скопје, пришто Јотова им се заблагодари на македонските Бугари за храброста да ја бранат, како што рече, својата бугарска самосвест.

Ако Бугарите не бидат запишани во Уставот, ви велам – нема да има ниту педа напредок во преговорите на Македонија за европско членство. Нема да има меѓувладина конференција, нема да има извештај од страна на ЕК и мисијата на ЕК, со кои ќе се почнат вистинските преговори – рече таа, пренесе бнр.бг.

Јотова се поклони на барелјефот на Васил Левски на зградата на бугарската амбасада во земјава.

Во врска со охриѓанецот Христијан Пендиков, Јотова најави дека покрај станот и обезбедувањето, бугарската држава ќе му овозможи и студирање во Софија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.