Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Приштина и Белград мора да преземат конкретни чекори за деескалација на ситуацијата.
Тој во интервју за подгоричка „Побједа“ вели дека НАТО на Косово испраќа уште околу 500 војници од оперативната резерва во Западен Балкан.
Го ставивме дополнителниот резервен баталјон во поголема готовност, така што тие исто така можат да бидат распоредени по потреба. Ова се претпазливи чекори за да се осигура дека КФОР ја има силата и способностите што му се потребни за да го исполни својот мандат.
Нашата мисија Кфор ќе ги преземе сите неопходни активности за одржување на безбедна средина и слобода на движење за сите луѓе на Косово и ние ќе продолжиме да дејствуваме непристрасно, во согласност со нашиот мандат на Обединетите нации, врз основа на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН од 1999 година, рече генералниот секретар на НАТО.
Како што додаде, насилството го враќа Косово назад, како и целиот регион, а ги доведува во прашање и евроатлантските аспирации.
И Приштина и Белград мора да преземат конкретни чекори за деескалација на ситуацијата, да се воздржат од понатамошно неодговорно однесување и да се вклучат во дијалог со поддршка на ЕУ, што е единствениот начин за траен мир“, додаде Столтенберг.
Тој порача дека НАТО ќе продолжи да ја игра својата улога со цел да ја поддржи трајната безбедност во Косово и стабилност на целиот Западен Балкан.
Столтенберг рече дека во последните неколку години се забележани руски обиди за мешање во внатрешната политика и демократските процеси во неколку земји од НАТО, што е неприфатливо.
Тој додаде дека Русија е одговорна и за злонамерните активности во сајбер просторот и за промовирање дезинформации и пропаганда против НАТО и неговите сојузници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.