Познатиот актер Сергеј Трифуновиќ ја пријави сопругата, поранешната водителка Исидора Мијаниќ за семејно насилство. Исидора е должна да плати казна за нелегален престој во Србија.
За време на престојот во полиција во средата, на 23 октомври, Исидора, која е инаку Хрватка, била многу вознемирена, па рекла дека повеќе нема причина да остане во Србија.
Исидора дојде во полиција видно вознемирена поради целата оваа ситуација. Таа во неофицијален разговор со полицијата неколку пати повтори дека сама ќе се врати во Хрватска и дека нема причина повеќе да доаѓа во Србија бидејќи ќе се разведе од Сергеј кој ја пријавил за семејно насилство. Рекла и дека веќе некое време имале проблеми и дека сето тоа кулминирало со неговото непочитување кон неа. За нелегалниот престој во Србија, таа истакна дека е свесна дека згрешила и дека била несовесна и дека поради сите овие проблеми заборавила да провери кога и истекува дозволата за престој, но и дека тоа и се случило за првпат и дека до сега таа секогаш се грижела за дозволата – рекол извор за српски Телеграф.
Како што понатаму наведува изворот, Исидора најмногу ја погодило тоа што Сергеј ѝ рекол дека веќе е крајно време да почне да работи и дека повеќе нема потреба да биде во брак со мрзеливка:
Исидора беше многу погодена од ова, па го обвини Сергеј дека тој е виновен што ја избркаа од телевизијата каде што работеше до неодамна. Му кажала и дека сè во животот и тргнало низбрдо откако е во врска со него и дека има проблеми само поради него. За неа тој е главниот виновник што задоцнила на работа и не се појавила на снимањето на емисијата каде била ангажирана како водителка и што поради неговите проблеми и патувања и самата ја запоставила работата и обврските. Тој ден се карале уште од рано наутро, а сето тоа кулминирало кога тој отишол на промоцијата на МЦ Сајси и не ѝ се јавувал на телефон или на пораки. Кога дошол дома се случило тоа што се случи – заклучил соговорникот, пишуваат српските медиуми
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.