Српската просветна инспекција предложи да се разреши директорката на белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, Снежана Кнежевиќ и управниот орган на таа институција каде на почетокот на мај ученик уби девет ученици и чувар.
Инспекцијата предложила да се именува привремен орган на управување и да се именува в.д директор, соопшти денеска Министерството за образование на Србија.
Во извештајот дополнително се наредува спроведување на дисциплинска постапка против педагогот, психологот и секретарот на училиштето, кои ќе бидат суспендирани до завршување на наведената постапка, пренесе Бета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.