Хрватскиот премиерот Андреј Пленковиќ денеска го разреши Дарко Хорват од должноста министер за просторно планирање, градежништво и државен имот, на негово лично барање.

Информацијата за весникот „Јутарњи лист“ ја потврдил портпаролот на хрватската Влада.

Адвокатот Владимир Терешак, кој го застапува уапсениот Хорват, претходно изјави дека неговиот клиент на распитот се изјаснил за невин за злоупотреба на службената положба и оти обвинителството бара негов притвор.

Тој пред новинарите во Загреб изјави дека Хорват активно се бранел пред истражителите на Канцеларијата за борба против корупција и организиран криминал (УСКОК) повеќе од еден час, а УСКОК побарал притвор за кој вечерва ќе одлучи истражен судија од загрепскиот Жупаниски суд.

Адвокатот рече дека Хорват е обвинет за злоупотреба на положба и овластувања, односно дека на одредени фирми кои се пријавиле на конкурс без тендерска документација им било дадено право на првенство, што министерот го негира. Тој рече дека за сè се задолжени сите стручни служби на министерството.

Случајот, како што рече, опфаќа неколку лица, а произлегува од друг случај во кој еден од осомничените е и неговата поранешна помошничка Ана Мандац. Таа поднесе оставка откако беше осомничена за проневера со поранешната државна секретарка Јосипа Римац.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.