Хрватска го прогласи советникот на српската амбасада за персона нон грата. Министерството за надворешни работи на Србија (МНР) вчера го прогласи Хрвој Шнајдер, првиот секретар на хрватската амбасада во Србија за непожелна личност бидејќи „грубо ги преминал границите на дипломатските норми“, соопшти Министерството за надворешни работи на Србија.

На ваквиот потег на официјален Белград денеска одговори хрватското Министерство за надворешни и европски работи.

„На овој потег реагиравме брзо со реципрочна мерка. Одлучивме советникот на српската амбасада во Хрватска да биде прогласен за персона нон грата на Хрватска. Нотата е доставена до амбасадорот и во неа стои дека советникот мора да ја напушти територијата на Република Хрватска“, изјави денеска министерот за надворешни работи и европски прашања Гордан Грлиќ Радман, пренесува „Дневник.хр“.

„Постапивме во согласност со Виенската конвенција, како и српските власти“, додаде тој.

На прашањето за српските медиуми кои пишуваат дека хрватскиот дипломат бил протеран под обвинение за шпионажа, тој рече: „Не ги наведоа причините, тоа е за нас релевантно. А останатото е шпекулација, како кому му одговара“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.