Полицијата посочува дека во земјите кои го вовеле еврото двојно е зголемен бројот на фалсификувани банкноти на пазарот, а најчесто фалсификувани се оние од 50 евра.

Со оглед дека Хрватска е туристичка земја, се очекува зголемување на бројот на фалсификувани евра на пазарот, како и на фалсификувани монети, пренесува „ХРТ“.

Тамошната полиција апелира граѓаните да вршат финансиски трансакции преку финансиските институции бидејќи тоа е најбезбедно, а напоменуваат дека можни се и казни во случај да добијат фалсификувани пари. Во кафулињата, диско клубовите и маркетите најчесто се подметнуваат фалсификувани пари. Во Европа месечно се откриваат во просек по 35.000 фалсификувани банкноти. Секоја година во оптек се 420.000 такви, а најмногу се произведуваат во земјите од Југоисточна Европа. Пропишаната казна за прекршителите е до десет години затвор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.