Хрватскиот воен аташе во Москва одбил да ја прими протесната нота на руското министерство за одбрана поради заминувањето на 200 хрватски платеници во Украина.

Аташето одговорил дека дека ниту министерството за одбрана, ниту која било друга институција во Хрватска немаат врска со поединци коишто можеби се наоѓаат во Украина и за такво нешто немаат никаква информација и одбил да ја прими пишаната нота.

Портпаролот на руското министерство за одбрана, Игор Конашенков, пред неколку дена изјави дека во Украина пристигнале 200 хрватски платеници и се приклучиле на еден од националистичките баталјони на југот од земјата.

Воениот аташе е запознаен со противзаконските активности на хрватскиот државјанин Денис Шелер, кој учествуваше во борбите на југоистокот на Украина во 2015 година и кој собира хрватски платеници за заминување во Украина – изјави Конашенков



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.