Поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај денеска престојувал во Тирана, каде остварил средба со премиерот Еди Рама, кому му се „заблагодарил за грижата во овој тежок период низ кој поминува Косово“, јави АТА.

Во отсуство на информации од кабинетот на Рама, агенцијата пренесува објава на Харадинај на социјалните мрежи во која средбата ја опишува ја како братска средба.

-Денеска во Тирана братска средба со премиерот на Албанија, Еди Рама. Разговаравме за случувањата низ кои минуваат Косово, Албанија и регионот и процесите што не очекуваат, особено за предизвиците на Косово во прашањата поврзани со дијалогот, безбедноста и перспективата на евроатлантските интеграции, пишува Харадинај.

Додава дека побарал од премиерот Рама да му помогне на Косово на меѓународно ниво да ги надмине предизвиците.

-Побарав од Рама на сите нивоа на разговори со меѓународниот и националниот фактор, да помогне да се надминат предизвиците што ги има Косово и да се забрза неговата интеграција. Искрено му се заблагодарив за неговата и грижата на Албанија во овој тежок период низ кој поминува Косово, наведува Харадинај.

Меѓу Рама и Харадинај подолг период владеат заладени односи.

Во јануари 2020 година Рама до Основниот суд во Приштина поднесе тужба за клевета против Харадинај. Тужбата се однесуваше на клевета дека Рама наводно се залагал за рамена на територии меѓу Белград и Приштина.

Харадинај оцени дека тужбата нема основ и дека е поднесена само за да се избегне политичката одговорност. Подоцна Рама ја повлече тужбата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.