Мобилната компанија „One Albania“ стана цел на хакерите на иранската група „татковинска правда (Homeland Justice), чии членови објавија дека ги „таргетирале системите на мобилната компанија и во свои раце ги имаат податоците на илјадници Албанци“.
Според медиумите групата објавила на Телеграм дека презела и отстранила податоци до 2 петабајти, што за познавачите на технологијата, ова е меѓу најголемите единици за мерење на компјутерски податоци. Едноставно кажано, податоците од 2 петабајти кои биле украдени од мобилната компанија „One Albania“ се еквивалентни на 500 милијарди печатени листови во стандарден формат.
Мисијата започна (DDMC). Албанските мобилни комуникации (AMC) беа хакирани од Homeland Justice. Игнорирањето на нашите „хуманитарни предупредувања“ ги чини сето тоа вашите корумпирани политичари. Но, не се залажувајте. Ова ќе продолжи додека целосно не ја ослободиме нашата земја од терористите. Во оваа операција, преземени и избришани се повеќе од 2 петабајти податоци од телекомуникациската мрежа и внатрешната мрежа на сите поврзани компании, а важните податоци ќе бидат објавени наскоро. Сакавме само да пренесеме порака, се наведува во објавата на групата.
Оваа група хакери, иста како и онаа што пред една година ги саботираше албанските владини системи, обвинува дека мобилната компанија „One Albania“ им дозволила на муџахедините на МЕК да вршат сајбер напади преку нејзините служби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.