Парлементот на Црна Гора ја избра новата влада на чие чело ќе биде Милојко Спајиќ.За тоа кој е Спајиќ во интервјуто за „Република“ говореше Небојша Медојевиќ, еден од најупатените црногорски политичари.Тој го нарече Спајиќ копија на Мило Ѓукановиќ со многу скандали. За најголема се смета соработката со најголемиот светски крипто измамник Do Kwon.

Проработеа нови млади луѓе како што е министерот за финансии Спајиќ кој прифати да го продолжи шверцот на цигари и перењето на цигари со тоа што тој Спајиќ кој е претседател на една нова партија „Европа сега“ доведе нови криминалци од светот на „Блок чејн“ и криптовалути што Ѓукановиќ како стар комунистички политичар не знаеше.Тоа е и врската со нарко картелот бидејќи сите сериозни безбедносни агенции знаат дека криптовалутите се користат за најсензитивните операции меѓу нарко картелите..Црна Гора наместо по падот на Ѓукановиќ да тргне кон демократизација и чистење на земјата од мафијата добивме верзија на Ѓукановиќ 2.0, односно Милојко Спајиќ кој на целиот криминал кој Ѓукановиќ го „засади“ ги додаде крипто валутити и белосветските криминалци и сега имаме афера дека кај нас се наоѓа  Do Kwon, еден од најголемите преваранти со крипто-изјави Медојевиќ за „Република“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.