Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ со највисоки државни почести ја пречека претседателката на Косово Вјоса Османи, која е во официјална посета на Црна Гора.

„Убеден сум дека разговорите ќе ги потврдат блиските и квалитетни добрососедски односи, силна посветеност на европската и евроатлантската визија и ќе дадат поттик за зајакнување на меѓудржавните односи меѓу Црна Гора и Косово“, напиша Ѓукановиќ на Твитер.
Како што се наведува во соопштението на Службата за информирање на претседателот на Црна Гора, по церемонијата за пречек и запишувањето во книгата на гости, ќе следи средба на двете делегации.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.