Министерката за здравство Даница Грујичиќ изјави дека состојбата на двете деца кои се сместени во Ургентниот центар е стабилна.
„Двете деца што се овде во Ургентниот центар се добро, фала богу, стабилни се, тоа се прострелни рани, се сериозни повреди, но децата се целосно будни, свесни, соработуваат, наставничката се уште е со седативи има сложени повреди на карлицата и стомакот, стабилна е, по неколку часа најверојатно ќе почне да ја буди колега што е дежурен горе, сите лежат еден до друг, девојката, па момчето, па наставничката, го чекаат третото момче кое е најтешко повредено, се уште е во салата, има повреди на вратот, препоните и градниот кош“, вели министерката за здравство за „Н1“.
Министерството за внатрешни работи на Србија во соопштение потврди дека загинале осум ученици и чуварот на училиштето, како и дека се ранети шест деца и еден наставник.
На таткото на момчето му е одредена мерка притвор од 48 часа. Надлежните велат дека момчето долго време го подготвувало нападот, а беше соопштено дека со оглед на тоа што тој се уште немал 14 години нема да одговара кривично. Во Србија од петок до недела ќе биде прогласена тридневна жалост.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.