Грција нема да ги пренесе во Украина руските системи за противвоздушна одбрана што се во посед на грчките оружени сеили, без прито да ги замени со слични западни системи.

Во замена за своето оружје што би требало да го испрати во Уктаина, Грција бара замена за слично оружје од САД.

Како што е случајот со сите системи на оружје, при нивно стекнување постојат законски обврски во однос на нивната продажба или пренос“, изјави шефот на Министерството за национална одбрана на земјата, Никос Дендиас.

Одговарајќи на новинарско прашање дали од Грција било побарано да ги испрати системите ТОР-M1, Оса-AKM и С-300 за потребите на Украина, Дендиас одговори дека „не може да стане збор за нивно повлекување од националниот систем за противвоздушна одбрана на Грција, каде што се целосно интегрирани, без да има нивна замена со системи со слични или супериорни борбени способности“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.