Грција наголемо се подготува да си го присвои брендот „Македонија“. Наскоро се очекува стотина грчки фирми да добијат дозвола за користење на трговската марка „Македонија
Брендот ќе се вика „Macedonia the GReat“ и намерата е нивните производи
да не се мешуваат со оние од Cеверна Македонија, особено на странските
пазари“, пишува грчкиот весник „Етнос“.
Kомпаниите кои ќе го користат името „Македонија’ работат со вино зеленчук и овошје.
Македонија и Грција формираа заедничка мешовита комисија за трговските марки, која е дел од Преспанскиот договор. Комисијата има рок до 2022 година да дојде до договор за употребата на трговските марки, географските ознаки, брендовите и комерцијалните имиња кои во себе го содржат терминот „Македонија“ или придавката „македонски“.
Досега нема информација дали се одржал состанок ниту пак каква одлука е донесена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.