Грчкиот владин совет за национална безбедност на синоќешната седница посветена на зголемениот миграциски притисок врз копнената и врз поморската граница на Грција одлучи да се прошири оградата покрај границата со Турција.

Одлучено е постепено да се продолжува оградата, со приоритет на чувствителните влезни места за илегални мигранти. Советот, исто така, одлучи да ги зајакне средствата за надзор, јави грчката новинска агенција АНА- МПА.

Моментално, оградата е долга 38 километри, покривајќи го краткиот копнен дел кај Едрене и релативно мал дел од реката. Вкупната должина на границата меѓу Грција и Турција во Тракија е околу 200 километри и минува по долниот тек на реката Марица (Евра).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.