Граѓани на Црна Гора нашле уште еден начин како да ги намалат високи сметки за струја. Имено, тие почнале да купуваат паметни телефони со апликација која го попречува работењето на броилата.
На неколку затворени групи на социјалните мрежи и форуми наводно се продаваат телефони со специјален софтвер и инсталирани апликации кои ја намалуваат потрошувачката на струја. Продавачот на телефонот на Фејсбук тврди дека пред продажбата секој клиент може да се увери дека апликацијата работи и дека навистина ги намалува потрошените киловати.
Наводно цената зависи од типот на броилото. Ако се работи за старо броило, доволно е да се издвојат од 10 до 200 евра за еден уред. Според коментарите на снаодливите граѓани, на дигитално броило потешко се краде струја. Првиот начин кој е ефикасен, но за кој трговците тврдат дека е лесно да се открие, е да се блокира работата на броилото со електро шок.
Поскапата варијанта и најзастапена е набавката на специјални, силни магнети кои ја забавуваат работата на броилото, а може да се нарачаат и онлајн. Како што пренесуваат локалните медиуми, корисник на Фејсбук кој продава телефони во Подгорица, тврди дека има апликација која го попречува работењето на броилата и со тоа ја забавува потрошувачката. Паметни телефони со инсталирани апликации за попречување на работата на броилото тој на Фејсбук групи ги продавал од 160 до 280 евра во зависност од моделот на телефонот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.