Штотуку поднесов формална оставка како градоначалник на Град Белград, со цел да почнам да создавам законски услови за одржување на изборите, кои покрај парламентарните и покраинските избори би се одржале на 17 декември на ниво на Белград, изјави денеска градоначалникот на српскиот главен град Александар Шапиќ.
И по овој чин ќе продолжам да ја извршувам работата градоначалник со истата посветеност, за да се обезбеди непречено спроведување и реализација на сите револуционерни социјални мерки, како и на проектите што ги реализиравме, ги започнавме или најавивме, а кои го одбележаа периодот откако дојдов на ова место, рече Шапиќ.
Додаде дека кога Владата на Србија ќе ја воведе Привремената власт и кога конечно ќе бидат исполнети сите законски формални услови за распишување избори на 17 декември, очекува дека како претседател на тоа тело ќе продолжи да го води Белград, до денот на избори и „конечната проверка на довербата, за се што направивме во изминатата година и пол и што допрва планираме да направиме за доброто на Белград и на сите наши белграѓани“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.