Министерот за одбрана на Сојузна Република Германија Борис Писториус утре ќе престојува во Република Србија, каде што според соопштението од Кабинетот на српскиот претседателот, ќе оствари средба со Александар Вучиќ, по што се предвидени изјави за медиумите, јави дописникот на МИА од Белград.

Писториус вчера во Приштина на прес-конференција по средбата со косовската претседателка Вјоса Османи, рече дека „барање на денот“ за Косово и Србија е деескалација на односите меѓу двете држави и повика на „на разумност и претпазливост“ при преземањето дејствија од страна на косовските власти.

Тој ја повтори заложбата на германскиот канцелар Олаф Шолц за интегрирање на Западен Балкан во ЕУ, нагласувајќи дека „за тоа е потребен дијалог како услов“.

Во врска со спроведувањето на новата регулатива на Централната банка на Косово, со која се забранува употребата на српскиот динар во земјата, Писториус рече дека Косово има право да го спроведе своето законодавство, меѓутоа од Приштина се бара да се одложи примената на оваа регулатива за подолг период.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.