Германски државјанин е осомничен дека на 1 јули околу 17 часот на базен во туристичко место во Ровињ фотографирал голи деца со рачен часовник со интегрирана микро камера.

Полицијата во Ровињ ја заврши кривичната истрага против 54-годишен германски државјанин и утврди сомнеж дека сторил кривично дело искористување деца за порнографија.

Чуварот на базенот го забележал мажот кој се однесувал сомнително со часовникот, па го задржал до доаѓањето на полицајците кои го уапсиле Германецот.

Врз основа на судска наредба, полицијата извршила претрес и од мажот одзел лаптоп компјутер, мобилен телефон и два рачни часовници, а при претресот биле пронајдени фотографии и видео снимки со инкриминирачка содржина.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.