Запишувањето на бугарското малцинство во уставот на Македонија е услов кој мора да се исполни пред да започне земјата со нејзините преговори за членство во ЕУ. Овој став го потврди министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска, за медиумите пред почетокот на форумот „ЕУ и Балканот“.

Генчовска појасни дека ваквиот услов за Македонија е утврден во декларацијата на Народното собрание и во решенијата на Консултативниот совет за национална сигурност

– Во оваа фаза, прво тие тоа треба да го спроведат, па потоа да се започнат преговори со нив. Не знам какви сигнали дал премиерот (Кирил Петков), но ова е нашиот став, додаде Генчовска.

Таа со оваа позиција ќе го запознае и еврокомесарот за проширување Оливер Верхеи на нивната средба денес.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.